Македонец ќе плати 240 евра во Бугарија за возење со неисправни сопирачки во – Холандија

Окружниот суд во Благоевград му наложи на македонскиот државјанин Ј.В., кој има и бугарски пасош, да плати глоба од 240 евра што му била изречена во Холандија за возење со неисправни сопирачки, пишува бугарски „24 часа“.

Македонецот, кој од 2011 година има бугарско државјанство, сега се води на адреса во Македонија откако му е дерегистрирана постојаната адреса во Бугарија, но казната е испратена во судот во Благоевград поради тоа што тој работи за фирма од Петрич за минимална плата.

Казната не е обжалена во Холандија и стапила на сила, па судот во Благоевград ја признал и наложил нејзино спроведување.