Македонската заедница во Словенија в сабота од 19 часот во Копер ќе го крене гласот против францускиот предлог за бугаризација на Македонија и на македонскиот народ.
„МИТИНГ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНИЈА – КОПЕР, САБОТА 16.7.2022 во 19 часот
Почитувани Македонци кои живеат во Република Словенија, драги Словенци и сите останати граѓани на Словенија.
Во името на Граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство, љубезно ве покануваме да присуствувате на мирен митинг оваа сабота 16.7.2022 во 19 часот на Титовиот плоштад во Копер во знак на поддршка на Македонија и на македонскиот народ во зачувувањето на неговиот идентитет.
Ве повикуваме на мирен и достоинствен начин да испратите јасна порака до претставниците на Европската комисија и до македонските политичари:
НЕ за францускиот предлог-протокол за влез на Македонија во ЕУ и НЕ за фашистичките методи на рекет од страна на Бугарија!
Митингот е најавен, затоа ве поздравуваме во очекување на што поголем број учесници.
#Македонија вечна, НИКОГАШ Северна!!!“, стои во прогласот за македонскиот протест во Словенија.