Македонската заедница во Малта утре од 15 до 17 часот ќе одржи мирен протест пред Амбасадата на Франција во Валета против францускиот предлог за одблокирање на евроинтеграцијата на Македонија со вклучување на сите барања од Бугарија во преговарачката рамка.

Организаторот Антонио Ѓорѓиев добил известување од малтешката полиција за одобрување на протестот, но и напомена дека не е дозволен марш до и од амбасадата.

„Да ги поддржиме нашите браќа дома достоинствено. Кога можат тие без насилство, можеме и ние! Никогаш Северна, само МАКЕДОНИЈА!“, порача Ѓорѓиев до сите сонародници што ќе учествуваат во изразувањето незадоволство и неприфаќање на предлогот од францускиот претседател Емануел Макрон.