Македонците во Италија за утре закажаа манифестација за поддршка на Македонија.

,,Почитувани сограѓани кои живеат во Италија, ве повикуваме на оваа манифестација да дадеме мал допринос за борбата која ја води нашиот македонски народ.
Нашата Македонија и македонскиот народ повторно поминува низ една од многубројните голготи. Македонскиот народ е повторно на улица против неправдите кои сопствената влада, заедно со соседите и европските мешетари, ги приредува.
Ние сме дел од таа грутка и не можеме немо да гледаме”, велат Македонците во Италија.

Протестот за поддршка на Македонија ќе се одржи утре на 16 јули 2022, во 19 часот, кај Campo Sportivo, Neive.

,,Ќе одржиме манифестација за поддршка на Македонија, да кажеме и ние едно големо НЕ на француско-бугарскиот предлог. За некој ден ќе се приклучиме и на оние кои протестираат во Македонија.

НЕ ЗА БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА!!!”, стои во најавата за протестот за поддршка на Македонија од Македонските организации во Пјаченца, Канели и други градови.