На албанската државна телевизија емитувана е честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници по повод Божик и Нова година.

Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата.

За првпат честитка и на македонски јазик беше емитувана во пресрет на 2015 година.

Емисијата на македонски јазик почна да се емитува на 28 септември 2017 година, секој ден, од понеделник до петок, од 18:50 – 18:55 часот.

Од термин 5 минути се отстапуваат за информативната емисија-вести, а во останатите минути се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, поврзани со македонската култура, традиција, обичаи, пренесува „Илинден“-Тирана