Резолуција на Македонците од Мелбурн кои деновиве ја одбележаа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ и им оддадоа почит на паднатати Македонци за слободата на Македонија.
Во исто време Македонците од седмиот континент изразуваат жалење за денешната состојба на Македонија и Македонскиот народ кои се предадени и обезличени од домашните слуги на соседните држави.
,,Денес Македонците ги гледаме како да го живеат истиот ропски живот од пред повеќе од 100 години кога во прашање беше борбата за социјален и национален опстанок. Иако сме далеку од родната Македонија, сепак, не можеме да ја гледаме тиранијата врз нашите браќа и сестри, не можеме а да не го кренеме гласот против предавниците на името на Македонија, идентитетот, историја, културата и уставниот поредок на Македонија”, стои во јавната реакција во чест на 119 годишнина од Илинденското востание и 78 години од АСНОМ која е упатена од манифестацијата 36-ти Илинденски фестивал на Федерацијата на културно уметничките друштва од Мелбурн каде учествуваат сите 8 македонски културно уметнички друштва со своите играорци, управи, родители и посетители.
Македонците од овој дел на Австралија пред присутните претставници на повеќе организации ја донесоја следната:
РЕЗОЛУЦИЈА
1. Македонците од Мелбурн и Викторија бараат да се прекинат разговорите со ЕУ и соседните држави заради нанесените национални и идентитетски штети врз Македонија и Македонскиот народ во изминатите 5 години.
2. Бараме целосно да се раскини договорот со Грција или т.н Преспански договор од Нивици кој е генератор на сите досегашни национални понижуања и разнебитувања на Македонија.
3. Бараме да се прекинат крајно понижувачките и уништувачки преговори со Бугарија отфрлање на т.н. Добрососедски договор на Македонија и Бугарија донесен на 1 август 2017 год.
4. Бараме комплетно отфрлање на француско – бугарскиот предлог со кој се потврдува дискриминацијата врз Македонскиот народ и Македонија со очигледното кршење на меѓународните закони за самоопределба и самоидентификација на еден народ. Не прифаќаме никакви модификации на францускиот предлог како што бара опозициската ВМРО ДПМНЕ. За нас сомнителен е и најавениот референдум за изјаснување на гласачите во време на најострата партиска поделба на Македонците.
5. Бараме отфрлање и на т.н Тиранска платформа и изедначувањето на Албанскиот јазик со Македонскиот на цела територија на Македонија.
6. Бараме од Уставниот суд на Македонија да ги поништи антиуставните одлуки на Собранието на Македонија за промена на името на Македонија, промена на Уставот на Македонија, промена на имињата на македонските институции во национални институции
7. На крај бараме, Македонија да почива врз постулатите и Окдлуките на АСНОМ, Македонскиот народ да е државотворен народ како што се соседните држави, Македонскиот јазик да е еден и единствен за државна и меѓудржавна употреба, да се признае постоењето на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија спрема меѓународните закони и да се отфрлат сите промени на историјата на Македонскиот народ и Македонија.
Пораката од Австралија до сите Македонци во светот и во Македонија ја испрати Д-р Ицо Најдовски Перин, во име на Федерацијата на културно уметничките друштва од Мелбурн.