Македонците носат корона во Врање, се жалат во Србија

Опуштањето на локалното население, но и инвазијата од туристи од Македонија, посебно во викендите, се посочени како главни причини за зголемениот број на нови случаи на Ковид-19 во Врање.

„Не само што е турканица во ‘Лидл’, во што можев и лично да се уверам, туку голем број гости од таа земја доаѓаат во угостителските објекти во Врање. Мерките мора да се однесуваат на сите, па и на странските државјани. Добро е и корисно и за трговците, и за државата што доаѓаат луѓе од таа држава, но мораме да се чуваме од тоа“, предупреди за Радиотелевизија на Србија епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ по посетата на Кризниот штаб во Врање.

Од 1.810 нови случаи во последното деноноќие, 70 се од Врање, со што градот оддалечен околу сто километри од Скопје е петти во Србија.