Македонците меѓу најприфатливите доселеници за Хрватите

Македонците се во самиот врв на странци што Хрватите ги претпочитаат за доселување во Хрватска, покажува истражувањето на Хрватската радиотелевизија (ХРТ).

На прашањето „од кои земји би сакале доселеници“, испитаниците на прво место се определиле за Украинците, по нив за државјаните на Босна и Херцеговина, а на третото место се Македонците. Следуваат граѓаните на Србија, на Непал, Филипини и Косово.

Сепак, најголем процент од анкетираните – речиси 16 отсто – сметаат дека во хрватска не би требало да се доселуваат жители на ниедна друга земја.

Истражувањето е спроведено од 17 до 19 октомври на 1.400 испитаници.