Просечната нето плата во Македонија изнесува 34.925 денари, односно околу 568 евра, а според податоците на „Н1“ тоа е најниската плата во споредба со останатите земји од поранешна Југославија. Иако оваа сума од над 500 евра звучи добро, но прашањето е кој навистина ја добива, а не само на хартија. Македонските граѓани велат дека тоа е задоволително, но за жал, ретко кој ја земаа оваа плата, односно стигнува до овој просек на месечно ниво.

Пред нас е Босна и Херцеговина со просечна нето плата од 644,23 евра, по што следи Србија со 729 евра и Црна Гора со 781 евро.


Во Хрватска просечната нето плата е 1.130 евра, и е многи светлосни години подалеку од Македонија, додека во Словенија се заработува највисока плата од дури 1.423,75 евра месечно, пари што кај нас нема ниту на сон да ги заработиме.

Останува отворено прашањето зошто со години никако реално да мрднат од мртва точка платите, и тоа е еден од условите што секој ден стотици граѓани ја напуштаат сопствената земја, Македонија.