„Го поздравуваме отворањето на преговорите на Република Албанија со ЕУ, што е во корист на сите граѓани, бидејќи европската перспектива на Република Албанија е перспектива на иднината. Ова треба да ја охрабри албанската Влада и другите актери компетентни во областа на заштита на малцинствата да направат политики во полза на малцинствата“, се вели во соопштението на друштвото Македонско друштво „Илинден” од Тирана.

Тоа, според друштвото, ќе овозможи целосно исполнување на петтата препорака на Европската унија, којашто е поврзана со подобрување на човековите и малцински права и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Република Албанија.

„Македонското друштво „Илинден” ги поддржува албанските институции во продолжување на реформите потребни за членство во ЕУ и ќе даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата“, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.