Македонци штанцаат лажни вести, а не се од Велес

Светските медиуми не така одамна беа преплавени со стории за македонски тинејџери од Велес кои пишувале лажни вести фокусирани на напади врз кандидатката Хилари Клинтон и Демократската Партија. Но, никогаш не се откри кој, дали и на кој начин стои зад нив.

Белгиецот Мартен Схенк и вебсајтот „Nieuwscheckers.nl“ со месеци веќе трагаат по македонските мрежи на лажни вести кои се прославија“ за време на претседателската кампања во САД.

„Ловецот на лажни вести“, Мартен Схенк, успеал да разоткрие мрежа на македонски граѓани кои шират лажни вести, и не станува збор за тинејџери од Велес.

Според Схенк, велешката линија не е воопшто во центарот на оваа мрежа.

Неговите истражувања, кои денеска се на првите страници на сите белгиски медиуми, централна фигура на овој бизнис е припадник на АРМ, Слаѓан „Цаго“ Бојковски од Куманово.

„Бојковски со години веќе креира лажни и бомбастични содржини на интернет кои започнале со стории за мотори и голи гради, но тоа не им носело доволно пари, објаснува Схенк. Па, така, набргу, Бојковски и неговите соработници се свртиле кон стории против муслиманите и разни теории на заговор, за педофилија и, се разбира, во полза на Доналд Трамп. Со една лажна вест заработувале околу сто евра дневно, пренесува Нова ТВ.