Група Македонци од Бугарија, активисти на Обединетата македонска организација „Илинден“, попладнево положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград.
„Во мирна атмосфера, по будното око на полицијата, без инциденти и провокации, во 14 часот членови на ОМО ‘Илинден’ денеска положија букет свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот апостол и револуционер Гоце Делчев во Благоевград“, извести Атанас Кирјаков-Војводата, претседател на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, кој пред присутните одржа пригодна реч за ликот и делото на македонскиот револуционер.