Македонците во Бугарија бараат истрага за демолирањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Синоќа околу 21 часот клубот е каменуван. Организацијата ОМО Илинден Пирин бара од бугарската полиција да го истражи случајот. Велат дека со години има слични инциденти. 

„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис“, пишува во текстот објавен на официјалната фејсбук страница на ОМО Илинден Пирин.

Клубот е отворен во октомври минатата година кога имаше тензична атмосфера. Тогаш, бугарските медиуми тврдеа дека Вапцаров е бугарски поет, а сега неговиот клуб го демолираа. Имаше најави дека близу Пловдив ќе се отвори македонски клуб.