По педесет години, Општина Кочани ги уништила спомениците на првоборците од Народноослободителната војна, Љупчо Сантов и Раде Кратовче кои со децении се во Градскиот парк во Кочани. На овој чекор се одлучиле пореди тековната реконструкција, која според граѓаните не смеела да се случи на ваков начин со уништување на оргиналните споменици.
За дел од граѓаните локалната власт употребила “Талибански” методи за спомениците и наместо да ги дислоцира во оргиналната фирма таа ги уништила.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вели дека во нормалните држави кои се грижат за својата историја се случуваат и изведуваат далеку посложени реконструкции, а при тоа властите водат најголема грижа поставените споменици и спомен обележја да бидат зачувани во својата изворна, оригинална форма.
“За жал, за нашите “талибани” нема ништо свето, па историјата се прекројува по нечија нарачка, на Кочанчани ќе им останат само приказните за местото на кое со децении се полагаа свежи цвеќиња и се одаваше почит на великаните”, вели Лефков.
Упатувам јавна осуда до несовесната локална власт која во текот на претходните денови го сруши до темел спомен обележјето на великаните кои се од особено значење за нашата општина, Раде Кратовче и Љупчо Сантов. pic.twitter.com/mbIUyOuJbI
— Mile Lefkov (@LefkovMile) August 28, 2021