Мајката на натепаниот охриѓанец со бугарско самочувство Христијан Пендиков не може да се врати од Бугарија во Македонија.
Блиски на нивното семејството за expres.mk тврдат дека мајката на Пендиков, Габриела Димкова, бара начин да се врати во Македонија без да го прекршил законот но во моментов тоа е невозможно.
Димкова заминала за Софија со бугарскиот воен авион кој го транспортираше Пендиков откако беше претепан во Охрид но при трансферот со себе немала македонска патна исправа со што ги прекршила македонските закони односно ја напуштила земјата илегално.
Во македонската евиденција на граѓани кои ја минале границата го нема нејзиното име поради што сега таа има проблем да докаже дека легално заминала во Софија.
Посебно е прашањето за одговорноста на граничните служби под контрола на МВР на Оливер Спасовски кои дозволиле лице без соодветни документи кое е само македонски државјанин да ја напушти земјата.
Според блиски луѓе на семејството на Пендиков неговата мајка сега таа има три можности: да се обиде да влезе во Македонија на илегален граничен премин или да се обиде легално да влезе на граничен премин и притоа да признае дека илегално ја напуштила Македонија за што постојат законски санкции.
Блиските на семејството за expres.mk откриваат и трета можност за Димкова: таа во Бугарија да добие бугарски пасош по итна постапка и во Охрид да се врати како бугарска државјанка што сепак нема да ја ослободи од пријава за илегално минување на границата.
Габриела Димкова во Софија имаше средби со бугарски политичари и јавно се сликаше со нив со што таа самата потврди дека е надвор од Македонија.
Нејзиниот син Пендиков беше претепан од лица од кои најмалку едно има бугарски пасош.