Откако ммајката на чеченски лидер беше ставена на листата со санкции на САД, Рамзан Кадиров упати директни закани до Американците и НАТО алијансата во најновото видео објавено на Телеграм.

Видеото на Твитер го сподели заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, додавајќи на видеото и превод на англиски јазик.


„Отстранете ги брзо санкциите. Нема да ви простам што и наметнавте санкции на мајка ми. Ќе направам се! наведува тој во снимката.

„Ова само ни ги одврзува рацете. Ако државите сами си ги легализираа таквите криминални методи, тогаш нема да бидеме ограничени со никакви граници. Грузија, Украина – сето тоа се американски проекти во постсоветскиот простор, а да не зборуваме за други конфликти околу свет, почна од фиктивни причини.А ако се извлечат американските криминалци нема да одат со Русија“ се закани Кадиров.