Својата извонредна игра, пред сè, во одбраната, Хорхе Македа ја круниса со ретко виден гол шест секунди до крајот за победа на ракометарите на Вардар против Кил од 29:28 на гостински терен во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Десниот бек на европскиот, регионален и македонски првак се најде во вистинско време на вистинско место по грешката на Лукас Нилсон, кому топката му испадна од рака и излезе во аут, Шпанецот ја прифати и со директен удар од 35 метри преку целиот терен ја испрати во небранетата мрежа на трикратниот европски шампион.

Магијата на Македа, кој на овој меч одигра добро и во нападот, погодувајќи од сите три обиди, на следниот линк:

//www.laola1.tv/titanplayer_hls.php?type=V&lang=en&customer=2871&videoid=1186012