Мафија во владата или влада во мафијата – пишува Горан Момироски

Со новиот “таен владин хонорарец” што го откриваат медиумите како четвртоосомничен во случајот “Софтвер на Рашковски” се создаваат услови за гонење на злосторничко здружување на група која што била дел од највисоките кругови на владата.

Во непосредна околина на премиерот Заев работеле и од владата биле плаќани тројца луѓе од кои двајца имале пристап до најголемите владини тајни.

Цели 4 години неформалниот водач на оваа група бил главниот оперативец на премиерот Заев во спроведување на владините одлуки.

Еден од сега осомничените за еден случај бил единствениот што има пристап до серверот за електронска комуникација на премиерот што укажува дека тој имал пристап и до други највисоки владини тајни.

Како е можно Заев, неговото обезбедување и неговиот советник за безбедност Зоран Верушевски да не знаат за постапките на Рашковски кои не биле во рамки на законот и неговите ингеренции?

Ако не бил информиран треба да одговара некој од тие што се грижат за постоење на криминал во врвот на владата.

Дали премиерот бил информиран и знаел за постапките на Рашковски тоа треба да го испита Јавното обвинителство.

За мене лично нема дилема дека Заев знаел за сите сомнителните чекори на својот најблизок соработник како што знаел дека Рашковски надвор од било која негова ингеренција се мешал во набавката од италијанската компанија Леонардо вредна 7 милиони евра.

Со тоа се потврдуваат наводите на еден европски дипломат кој своевремено кога Заев го амнестираше Рашковски за Леонардо го нарече секретар на државната мафија.

Логиката е проста. Или Заев знаел дека во неговото најблиско опкружување функционира злосторничко здружување кое врти огромни пари земајќи владини хонорари и за тоа треба да одговора, или пак заедно со неговите советници за безбедност не знаел што му се случува на неколку метри од него, за што исто така мора да преземе одговорност.

Како и да е владата повеќе од 3 години плаќала луѓе кои освен за кабинетот на премиерот работеле и за други интереси.

Дали најмалку еден од овие тројца што добивале владини месечни износи ќе не доведе до бизнис кој го води братот на премиерот, Вице Заев, е прашање на кое засега одговор може да даде Јавното обвинителство.

Бидете така…