Напладне денеска во Дебар Маало ќе се одржи промоција на муралот на маесто Александар Џамбазов.
Муралот е дело на уметниците Драган Китановски-Даш и Марјан Димиќ-Мачка.
На настанот што Општината го се организира заедно со Игор Џамбазов, ќе се промовира и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ од авторката Бранка Костиќ Марковиќ и Марко Коловски.
„Ве поканувам сите заедно да го прославиме роденденот на нашиот голем композитор и диригент, Александар Џамбазов и заедно да уживаме во неговите песни кои ќе бидат изведени од поранешните Развигорчиња и Златни славејчиња“ – вели грдаоначалникот Горан Герасимовски.