Поради зголемен број случаи на коронавирус, Мадрид и уште девет други околни општини ќе бидат ставени во карантин, а ќе биде дозволено само патување поради работа, училиште, посета на доктор или шопинг, додека работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ на 23 часот.

Лидерката на мадридскиот регион, Изабел Дијаз Ајсуо, најавила дека ќе се жали на суд поради карантинот, поради одлуките кои ги налутиле граѓаните на Мадрид, пренесуваат медиуми.

Мадрид со 859 заразени со коронавирус на 100.000 жители е главно жариште во Европа, поради што шпанската влада во средата навечер одлучила повторно да воведе карантин.