Лутите ривали Мијалков и таинствениот Алексовски рамо до рамо на суд (ВИДЕО)

Денеска на судењето за случајот Монструм дојде до неочекуван контакт меѓу двајца од највлијателните македонски “безбедњаци”.

Во Кривичниот суд во Скопје камерите снимија како еден до друг рамо до рамо седат екс шефот на УБК Сашо Мијалков и екс советникот за национална безбедност на претседателот Иванов Синиша Алексовски.

Нетрпеливоста меѓу двајцата актери во македонската безбедност според упатени извори во службите за безбедност кулминирала во 2010 година кога Алексовски тогаш советник за национална безбедност на Иванов се спротивставил на идејата на Мијалков за спојување на сите агенции за безбедност во една државна служба за безбедност.

Откако Иванов по сугестија на Алексовски ја отфрлил идејата на Владата која ја туркала идејата еден човек да ги контролира сите тајни служби започнала кулминацијата на судирот меѓу двајца од најпознатите луѓе од светот на македонската безбедност во последниве десетина години.

Каков е односот меѓу Мијалков и Алексовски најдобро покажува видеото кое денеска го објавија телевизиите а се пренесува на Твитер.