Новинарската Снежана Лупевска смета дека серијалот за „рекетарската банда“ на Бранко Героски објавен на порталот „Плусинфо“ придонел да се орткрие аферата „Рекет“ која некој сакал да ја заташка.

Лупевска вели дека ако не се појавеше написот на Героски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки 13, никогаш немаше да биде откриена аферата „Рекет“

„Мислам дека некој сакал тоа фино да го заташка. Поради тоа што почна да се зборува во јавноста, заради тоа почна и да се прави истрага и да се апси Бојан Јовановски. Имам впечаток дека некој навистина сакал тоа да го сокрие, изјави Лупевска во гостување на радиото „Канал 77“.

„Зошто, ако се следи каде се одлеале парите, еден милион евра од Орце Камчев и каде се одлеале и другите пари кои што уплаќале во невладината „Меѓународен Сојуз“ – дали во чантите на Боки или скапата облека, или некој друг е крајниот консумент на тие пари, односно се испорачани на друго место, за што постојат разни шпекулации – тогаш навистина ќе се знае поголемата слика за случајот „Рекет“, додаде Лупевска.

Таа смета дека истражна постапка оди многу бавно.

Извор: „Плусинфо“

.