Лупевска: Една ТВ и луѓе од власта рекетираат фирми!?

Новинарката Снежана Лупевска Созан во синоќешното интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ТВ Телма го запраша гостинот дали има сознанија дека одредена група заедно со еден медиум рекетира бизнисмени и сопственици на хотели.

„Има написи дека постои група одредена блиска до власта која рекетира сопственици бизнисмени, газди на хотели заедно со одреден медиум, тоа се шпекулации но меѓутоа дали вие како опозиција имате сознание“, рече Лупевска.

Мицкоски рече дека тој го обелоденил овој случај пред македонската јавност, но дека до ден денешен се уште нема никаква правна разрешница.