Настапот на премиерот Зоран Заев за емисијата Н1 пресинг на истоимената регионална телевизија предизвика многу смеа на социјалните мрежи.
Но Маја Славева во колумна за “Денешен” најдобро ни го опишува раскошот на интелектуалната и лингвистичка мизерија во која западна главниот јунак кој може да добие Нобелова Награда за мир.
“Дами и господа, почнуваме со уште едно издание на Северно Медрано. Прво, да расчистиме со поимот „југословенски есперанто“. Тоа е назив за српскохрватски или хрватскосрпски јазик кој никој од народите во бивша Југославија не го прифатил за свој и официјален.
Јазикот на кој зборува претседателот на Владата на сеуште неофицијалната Северна Македонија, е се’ само не српскохрватски, ама можеше да вметне и француски изрази, не знам зошто го занемари тој јазик. Важно е дека ни се извини на нас гледачите.
Со неговата добродушност и наивност кои што извираа преку неговите гестикулации и фацијални експресии, скоро и ме убеди дека сме „едно друштво“ и дека „градимо једно друштво за све“.
Со стиснатата тупаница, „док се чукамо и ударамо у градима нашима“, односно во неговите сега веќе северномакедонски гради вели: „Ја сам Македонац“! Седите бре љуѓе хеј, што би рекол еден наш лик од телевизија. Но, „тоа е филинг, тоа е осечај“, мислам дека не може да биде редуциран на мирни емоции!”, пишува Савеска во колумната за срамот што треба брзо да се заборави а која која што долго ќе се памети поради свежината и духовитоста во неа.
Целата колумна на Денешен.мк