Поранешниот левичарски претседател, Луис Игнасио Лула да Силва, популарно наречен „Лула“, освои 50,83 отсто од гласовите, при повеќе од 98 отсто преброени гласови на вчерашниот вториот круг претседателски избори во Бразил
Лула, во тесната трка го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро кој доби49,17 отсто од гласовите.
Двајцата кандидати се соочија еден со друг во првиот круг од гласањето на 2 октомври, но ниту еден не доби повеќе од половина од гласовите, поради што се отуиде на втор круг.
Луис Инасио Лула да Силва е основач и почесен претседател на популарната Работничка партија на Бразил.
Тоа е неверојатно враќање на власт за 77-годишниот Да Силва, кој беше осуден на затвор во 2018 година поради корупциски скандал, со што беше отворен патот за победа на тогашниот кандидат Болсонаро и воведување на четиригодишната екстремно десничарска политика.
Победата на Лула е значајно и по нешто другОО: Првпат по враќањето на демократијата во Бразил во 1985 година, актуелниот претседател да не победи на реизбор.
Луча ќе биде инаугуран за претседател на 1 јануари.
Старо-новиот претседател првпат беше избран за претседател на Бразил во 2002 година, а беше реизбран за втор мандат во 2006 година.
Во 2017 година Лула да Силва беше обвинет и осуден на 13 години затвор за корупција, како дел од големиот скандал околу нафтената компанија „Петробрас“.
Тој беше ослободен од затвор кон крајот на 2019 година, а во 2021 година бразилскиот Врховен суд ги поништи сите негови пресуди, дозволувајќи му повторно да се кандидира за функцијата.
