Лула нареди „федерална интервенција“ по упадот во владините згради во Бразил

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи вонредна состојба во Федералниот округ Бразилија, откако илјадници приврзаници на неговиот десничарски претходник Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, во Претседателската палата, во Врховниот суд и во палатата Планалто.

Левичарскиот лидер, инаугуриран минатата недела, даде наредба и го именува министерот за правда Рикардо Гарсија Капели да ја води „федералната интервенција“. Наредбата на Лула му дава моќ на Капели да побара од цивилните и од воените тела да ги искористат „потребните средства за да се постигне целта на интервенцијата“.


Опсегот на наредбата, која истекува на крајот на месецот, е ограничен на Федералниот округ Бразилија, а нејзината наведена цел е „да стави крај на сериозното загрозување на јавниот ред во државата во Федералниот округ, обележано со акти на насилство и инвазија на јавни згради“. За да ја постигне таа цел, Капели може да ги употреби „финансиските, технолошките, структурните и човечките ресурси на Федералниот округ“ – вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, војската и полицијата – по потреба.

Ветувајќи дека ќе ги натера одговорните за хаосот „да платат со силата на законот“ во говорот емитуван на неговите социјални мрежи, Лула вети дека ќе ги открие „финансиерите“ на демонстрантите облечени во боите на бразилското знаме, кои влетаа низ барикада и влегоа во владините згради. Тој ги нарече демонстрантите „вандали и фашисти“, обвинувајќи го Болсонаро дека им ги наполнил главите со екстремизам.

Поддржувачите на поранешниот претседател организираат хаотични демонстрации откако тој ги загуби тесните избори од својот левичарски ривал во октомври, блокирајќи ги патиштата, палејќи возила, а во еден момент дури и опколија воен објект за да се обидат да ги убедат војниците внатре да се кренат и да го вратат Болсонаро.

Болсонаро го напушти Бразил неколку дена пред традиционалната церемонија на примопредавање, со која беше поставен Лула на претседателската функција, за да не изгледа дека ја легитимира со своето појавување победата на левичарот, тврдејќи дека неговиот пораз бил неправеден, иако ги осуди насилните протести што резултираа. Лула го обвини за, како што рече, „невиденото“ насилство, изјавувајќи дека „ова е исто така одговорност негова и на партиите што му припаѓаат“.