Руската нафтена мега-компанија Лукоил повика на прекин на војната, пренесе италијанската агенција АНСА.
Лукоил е вториот најголем производител на нафта во Русија.
Во соопштението објавено на веб-страницата на Лукоил, тие напишаа дека се загрижени за трагичните настани во Украина и ги поддржуваат преговорите за ставање крај на конфликтот.
Според британскиот Би-Би-Си, Лукоил е првата голема руска компанија која гласно се изјасни против инвазијата на Украина, пренесоа медиуми.