Неизвесно е која е наследничката на Радмила Шекеринска во пресрет на Конгресот на СДСМ. Во седиштето на СДСМ се одржа состанок на најтесното раководство на партијата – Извршниот одбор, на кој се разгледувале предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата. Пред почетокот на состанокот, Сања Лукаревска, за која има информации дека е фаворитот на лидерот Зоран Заев за заменик-претседател, одбегна да одговори на прашањето на „360 степени“ дали е наследничката на Радмила Шекеринска. На влегување во партиското седиште, само кратко изјавила дека очекува се да помине во најдобар ред на партискиот конгрес.

„Очекувам се да помине во најдобар ред“,

изјави Лукаревска и додаде дека повеќе информации ќе има по завршување на Конгресот.

Сања Лукаревска е директорката на Управата за јавни приходи, а на последните парламентарни избори беше коносителка на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица број 2, со Оливер Спасовски.

Конгресот е закажан за 13 часот, а со него ќе раководи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.