САД да продолжи со поддршка за македонскиот влез во НАТО и да изврши притисок Грција да го запре неразумниот спор за името на време пред самитот на НАТО, вели Лук Кофи експерт за Европа на влијателната Херитиџ Фондација.
Затворена врата за Македонија ќе ги обесхрабри другите аспиранти од преземање ма демократски реформи за еден ден да влезат во алијансата, смета Кофи.
Затоа САД треба да ја притисне Грција да го запре ветото за Македонија базирано на грчкото противење на името Македонија.