Изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер на една година од стратешкиот дијалог со САД во која е споменува дека Америка ќе биде ,,рамо до рамо” со Македонија за членови на СДСМ значи дека Вашингтон ќе обезбедат владеење на Ковачевски до 2028 година.
,,🇲🇰🇺🇸 Амбасадорката на САД Агелер:
„Ќе бидеме со вас РАМО ДО РАМО додека ги постигнувате вашите цели“
Јасно како ден, СДСМ на власт 2024-2028!”, пишува функционерот на СДСМ Војислав Попоски кој е еден од најактивните луѓе на Бихаќка на социјалните мрежи.
Попоски како аргумент за своето тврдење дава симбол на партиската кампања на СДСМ која се вика ,,Рамо до рамо”.
Ниту во СДСМ ниту од американската амбасада не ја дообјаснија изјавата на Агелер за рамо до рамо.
Попоски во јавноста е познат како член на СДСМ кој најави дека до смрт ќе му дава поддршка на Зоран Заев кој подоцна мораше да си замине.
🇲🇰🇺🇸 Амбасадорката на САД Агелер:
„Ќе бидеме со вас РАМО ДО РАМО додека ги постигнувате вашите цели“
Јасно како ден, СДСМ на власт 2024-2028! pic.twitter.com/te6OCMX8g8
— Voislav Poposki 🇲🇰 (@poposki_voislav) June 2, 2023