„Ние лозарите бараме само да ни се вреднува вложениот труд и да знаеме предвремено дали да вложуваме во лозарството или да го напуштиме. Ако останат ланските цени, се гледа крајот на лозарството во нашиот крај“.

Ова беше речено на денешниот протест на незадоволни лозари од Неготино.

Тие се револтирани поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винариите, кои со понудените цени ги демотивираат лозарите.