Ловџија имал средба со Заев а сега се фали со убиен елен

Член на раководството на Ловечката федерација кој во октомври имал средба со премиерот на социјалните мрежи заедно со други ловци се пофалил со убиени повеќе диви свињи и прасиња како и еден елен.

За разлика од другите земји членки на ЕУ каде ловечките сојузи главно се грижат за прихрана, за помош на дивечот во периоди кога нема храна или пак за комерцијален лов за странци, во Македонија тие што треба да се грижат за дивечот уживаат во нивно убивање и се фалат на социјалните мрежи.