Лос Анџелес: Вонредна состојба поради илјадниците бездомници

Вонредна состојба поради зголеменото ниво на бездомници беше прогласена во понеделникот во Лос Анџелес, бидејќи новиот градоначалник вети „сеизмичка промена“ за еден од најнерешливите проблеми во вториот по големина град во Америка, јавуваaт медиуми.

Десетици илјади луѓе спијат на улиците во Лос Анџелес секоја вечер, како епидемија што шокира многу посетители на една од најбогатите урбани области на планетата.

Проблемите со менталното здравје и злоупотреба на супстанции се вообичаени меѓу бездомниците кои спијат под отворено небо или во ‘рѓосани шатори

Градоначалничката Карен Бас, која во неделата положи заклетва на функцијата, го искористи својот прв цел ден на работа за да прогласи вонредна состојба.

„Нема да прифатам криза со бездомништво која погодува повеќе од 40.000 поединци и влијае на секој од нас“, рече таа.

„Мојот мандат е да го придвижам Лос Анџелес во нова насока со итен и стратешки пристап за решавање на еден од најтешките предизвици на нашиот град.