Државната секретарка за Европа на Франција, Лоранс Бун, денеска од Скопје порача дека членство на Македонија во ЕУ до 2030, е амбициозна цел, но не е нереална.

„2030 која е амбициозна, но не е нереална бидејќи видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласување на европското законодавство. И премиерот спомна дека претстои наредниот чекор – уставните измени кои се дел од европскиот договор, но потоа и сите реформи што ќе треба да се спроведат – пренесоа медиуми.

Кажав дека за време на разговорите сме овде да и помогнеме на Македонија. Тоа е цел која е остварлива и треба да ни служи како цел“, рече Бун која денеска е во официјална посета на земјава.