Министерството за одбрана на Велика Британија дава информации за можни руски напади врз Украина на новогодишната ноќ.

На денешниот брифинг за војната во Украина, военото разузнавање потсетува на новиот бран на ракетни напади со долг дострел на 29 декември 2022 година, кои повторно првенствено беа насочени кон електричната мрежа.

„Од октомври, Русија вообичаено спроведува интензивен бран напади на секои седум до 10 дена.

Речиси е сигурно дека Русија го користи овој пристап за да ја разбие воздушната одбрана на Украина, се вели во денешниот извештај.

„Сепак, постои реална можност Русија да ја преккрши оваа шема и да удри повторно во наредните денови за да го поткопа моралот на украинското население за време на новогодишните празници“, се вели во денешното соопштение.

Потсетуваме, предупредувањата на украинското разузнавање беа за очекувани напади и за време на Божиќ и за време на новогодишните празници.