Во Шкотска побараа повторно да се организира референдум за да се изјаснат за независност од Обединетото Кралство, но беа одбиени од британската влада, јавува Би-Би-Си.

Сега на ред е Врховниот суд – највисокиот суд во Обединетото Кралство – да пресуди.

Првата министерка на Шкотска, Никола Старџен, во јуни најави дека сака да го закаже референдумот за есента 2023 година, но за таа цел беше неопходно да се добие одобрение од британската влада.

Откако беше одбиена, Старџен нагласи дека ќе продолжи да се бори за референдумот додека не ги исцрпи сите правни опции.

Ова е причината поради која владата во Единбург се обрати до Високиот суд. Случајот е закажан за октомври.

Останува да се види дали таканареченото советодавно гласање би било можно без согласност на Лондон.

Сепак, има една особеност за советодавното гласање – ако мнозинството гласа „за“ независност, тоа не значи дека Шкотска автоматски ќе се одвои од Обединетото Кралство.

Ќе следат низа процедури. Британската влада е категорично против и смета дека не е во надлежност на шкотскиот парламент да организира референдум за прогласување независност од Велика Британија.

На референдумот во 2014 година, мнозинството Шкоти – 55% од оние со право на глас – гласаа за останување во Обединетото Кралство. Сепак, ова гласање беше пред гласањето за Брегзит, кое 62 отсто од Шкотите го отфрлаат.

Ова е причината зошто очекувањата се дека ако сега во Шкотска се организира општо гласање – „за“ или „против“ независност од Велика Британија, резултатот ќе биде различен од 2014 година.