Лондон му забрани влез на газдата на „Челзи“, Роман Абрамович

На рускиот милијардер Роман Абрамович му беше забранет престој во Велика Британија, пишуваат британските таблоиди.

Сопственикот на Челзи со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а британски извори тврдат дека тој нема да смее да се врати таму.


Наводно, имиграционите службеници добиле инструкции да му забранат на Абрамович да се врати во неговата вила во близина на палатата Кенсингтон, за која платил 125 милиони фунти.

Специјална имиграциска единица работи на неговиот случај.

Абрамович е еден од 35-те руски олигарси кои лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, ги оцени како клучни поддржувачи на режимот на Путин во Русија.