Лондон може да стави вето на кандидатурата на Фон дер Лајен за НАТО

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е претендент за функцијата генерален секретар на НАТО, можеби нема да биде поддржана од Британија, изјави извор за на британски „Сан“.

Неколку земји-членки на алијансата ѝ ја понудиле функцијата.

Три жени кандидатки за наследник на Столтенберг

Сепак, друг извор изјави за британскиот таблоид дека Лондон најверојатно ќе ја блокира кандидатурата на Фон дер Лајен поради нејзиното „лошо досие“ како шеф на германското Министерство за одбрана.

Според весникот, претендент за функцијата генерален секретар на НАТО е и британскиот секретар за одбрана Бен Валас, чија кандидатура е поддржана од премиерот Риши Сунак.