Велика Британија има информации кои покажуваат дека руската влада бара да инсталира проруски лидер во Киев додека размислува дали да ја нападне и окупира Украина. Како потенцијален кандидат се смета поранешниот украински пратеник Јевхен Мураев.
Ова вечерва го објави официјален Лондон во соопштение за печат кое го пренесуваме во целост:
Имаме информации дека руските разузнавачки служби одржуваат врски со бројни поранешни украински политичари, вклучувајќи:
Серхи Арбузов, прв вицепремиер на Украина од 2012-2014 година и вршител на должноста премиер во 2014 година
Андриј Клуев, прв вицепремиер од 2010-2012 година и шеф на кабинетот на поранешниот украински претседател Јанукович
Владимир Сивкович, поранешен заменик-шеф на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (РНБО)
Микола Азаров, премиер на Украина од 2010-2014 година
Некои од нив имаат контакт со руски разузнавачи кои моментално се вклучени во планирањето на напад на Украина.
Секретарот за надворешни работи Лиз Трус изјави:
Информациите што се објавени денеска го осветлуваат степенот на руската активност дизајнирана да ја поткопа Украина и е увид во размислувањата на Кремљ.
Русија мора да деескалира, да ги прекине своите кампањи на агресија и дезинформации и да тргне по пат на дипломатија. Како што Обединетото Кралство и нашите партнери постојано велат, секој руски воен упад во Украина би бил огромна стратешка грешка со сериозни последици.
Позицијата на Обединетото Кралство за Украина е исто така јасна. Ние недвосмислено го поддржуваме нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим. Украина е независна, суверена земја.
(Не)дипломатскиот одговор од Москва стигна брзо