Локални избори на 17 или 31 октомври: Дали ќе биде прекршен Уставот?

Премиерот Зоран Заев предлага локалните избори да се одрат на 31 октомври за да не се поклопат со Пописот, но за тоа ќе мора да добие согласност од сите политички партии.

Доколку се согласат сите политички партии тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, рече премиерот Зоран Заев.

Тоа би претставувало одложување на изборите бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери претходно најави дека според Уставот изборите би требало да се одржат на 17 октомври.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека предлогот на премиерот е спротивен ан Уставот и доаѓа без претходна консултација со политички партии:

„Уставот е над се и во оваа држава Заев треба ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори.

Согласно Уставот локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври. Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ“, Марија Митева.

На ист став се и опозициските партии на Албанците кои не гледаат основана причина за одложување на датумот.

Зад предлогот на премиерот и лидер на СДСМ Заев, застана колицискиот партнер БЕСА, а се чека да се изјаснат од ДУИ.