Студен туш од министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, за разубедувачите на премиерот Зоран Заев за најавената оставка, кои очекуваат на самитот на Европската унија во декември Македонија конечно да добие почеток на преговорите за членство.

За време на својата официјална посета на Атина, Логар денеска присуствуваше на дебатата во грчкиот парламент, при што не изрази оптимизам за деблокада од Бугарија на евроинтеграцијата на Македонија во декември.

Според шефот на словенечката дипломатија, речиси е невозможно Македонија да ги почне преговорите за време на тековното претседавање на неговата земја со Советот на Европската унија.