Министерот за правда, Кренар Лога, во интервју за Еуроњуз Албанија рече дека „Алијансата за Албанците“ тешко може да опстане, но дека сепак постои можност ситуацијата да се реши на сабота, пренесе „Независен“.
Претседателот на партијата, Арбер Таравари, прекршил делови од одлуката кои биле едногласно изгласани во партијата.
Лога смета дека предлогот на Таравари избнесен на Фејсбук без консултација со партијата која едногласно избрала сама да оди на избори е антистатутарен и носи поделби.
„За жал, се намалуваат шансите за него да ја преживее разделбата, но постои и можност во сабота сите работи да се средат.
Претседавачот мора да даде детали за состаноците и предлозите што ги дал, за статутарните прекршувања што ги направил во последните недели, вклучително и неповикувањето на извршниот совет на партијата …или дури за политичките понуди што ги даде преку Фејсбук, а не пред партиските тела, изјавил Лога, пренесува „Независен“