Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, вели дека вчерашниот собир на поддржувачите на Таравари бил нелегитимен.

Претседателот на Алијансата за Албанци Арбен Таравари доби поддршката од 75 членови на Собранието на партијата, кои синоќа со својот потпис кажаа „Да“ за коалицијата на Алијансата за Албанците со албанската опозиција. Собирот беше свикан од Таравари два дена пред одржувањето на Собранието, кое го свика Зијадин Села за утре…

„Да имаше навистина поддршка од 75 члена, Таравари нема да ни се обратеше преку Фејсбук, туку ќе не победеше во Централното собрание.

Настанот беше како што и самите најавија, средба со граѓаните“ – вели Лога за „Слободен печат“ и додава дека во Статутот детално е наведена постапката како се свикува Централното собрание.

Зијадин Села за утре во 13 часот најави Централното собрание на кое треба да се одлучи за изборниот настап на Алијанса за Албанците.

Поддршката од 75 делегати која синоќа ја доби лидерот на партијата Таравари, во Куманово, за коалиција со албанскиот опозициски блок, за крилото на Села е само средба со граѓани, а не Централно собрание.