Лобито на Белгија успеа, нема санкции за дијамантите од Русија

Ниту во осмиот нацрт-пакет санкции на ЕУ против Русија не се најдоа дијамантите, иако истиот е насочен кон повеќе скапоцени метали. Во 2021 оваа трговија и донела над 4,5 милијарди евра на Москва.

Дијамантите се клучна индустрија за Белгија и се верува дека силното лоби кое доаѓа од оваа земја не дозволиле рестрикции и за овие скапоцености. И покрај бројните повици да се вклучат дијамантите во списокот на санкции, тоа ниту овој пат не се случи.

Во последниот предлог за нови рестрикции врз Русија има низа материјали, супстанци и производи, со цел да се намалат приходите на Кремљ, а се предлага и ограничување на цената на руската нафта што се извезува во трети земји кои немаат санкции против Москва.

Во меѓувреме бројни други луксузни производи како златото и други се санкционирани, но руските дијаманти сѐ уште пристигнуваат на европскиот пазар.