Актерот Зоран Љутков кој е претседател на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ реагира по посетата на министерката за култура на единствената национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство – Кинотеката на Македонија.

Љутков е лут на Бисера Костадинова Стојчевска, позната како пратеничката со скафандерот, која на својот фејсбук профил сакајќи да ја информира јавноста за своите активности и наводни заложби за заштита на културното наследство, според актерот уште еднаш покажала апсолутно непознавање на заштитата на културното наследство, актуелните состојби во културата како и постоечката законска регулатива.

Министерката во својата објава порачала дека: “на средбата во Кинотека на Македонија се разговарало да се отпочне постапка за подготвување на елаборат за филмскиот опус на браќата Манаки како заштитено добро со Законот за заштита на културното наследство“.

Според Љутков изјавата е срамна и недозволиво за човек што го води министерството за култура.

,,Почитувана министерке,
Пред повеќе од 10 години, за аудиовизуелната збирка Филмскиот опус на браќата Манаки од страна на Кинотеката на Македонија е изработен Елаборат за ревалоризација. Согласно член 41 став 2 од Законот за заштита на културното наследство на 7-ми септември 2010 година од страна на Владата на Република Македонија Филмскиот опус на Браќата Манаки е прогласен за културно наследство од највисока категорија, особено значење, поткатегорија исклучително.
Одлуката за прогласување е објавена во Службен весник бр. 122 од 17.09.2010 година.

Почитувана министерке,
За Ваша информација, бидејќи очигледно немало кој да Ве информира од Кинотеката на Македонија, на истата седница на Владата на Република Македонија на 07.09.2010 година, уште една аудиовизуелна збирка е прогласена за културно наследство од највисока категорија, особено значење, поткатегорија исклучително. Станува збор за аудиовизуелната збирка Филмот – Македонија во слики (1923) на Арсениј Јовков.
Професионалците филмолози и раководниот кадар во Кинотеката требало да ве упатат и на оваа значајна збирка во која се регистрирани документарни снимки од процесијата на пренесувањето на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев.
Недозволиво е за еден министер за култура да не знае кој е степенот и режимот на заштита за најстарите и највредните филмски записи кои се чуваат во Кинотеката. А, уште потрагично е што истата објава на министерката за култура е споделена и на фејсбук страната на Кинотеката на Македонија! Очигледно и директорот и стручните лица во Кинотеката заборавиле дека филмскиот опус на браќата Манаки, уште во 2010 година, е прогласен за културно наследство од највисока категорија!?

За жал, кога е СДСМ на власт, ова е реалноста во културата – некомпетентни кадри во раководните структури, непрофесионализам, непочитување и крајно непознавање на сопственото културно наследство”, и пишува актерот на министерката која не знае што се случува(ло) во ресорот што го води.

https://www.facebook.com/100107902425017/posts/162727239496416/