Љупчо Пренџов, пратеникот на ГРОМ, во емисијата „Само Вистина“ рече дека вториот директор на Фондот за здравствено осигурување, додека институцијата била под хакерски напад и не можела да исплаќа плати и услуги во текот на феврури, бил на одмор во Флорида.

Без да го спомене, Пренџов алудираше на Фатон Ахмети, вториот директор на ФЗО, додека за првата директорка Магдалена Филиповска Грашкоска рече дека две недели не е достапна за јавноста да објасни што се случува со хакерскиот напад.


– Грашкоска ја нема две недели, додек другиот директор е наводно на Флорида, си пушта слики од плажи, рече Пренџов во дебатата со пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Костовски и Ели Пешева.

Грашкоска, според најавите, утре ќе одржи брифинг со медиумите, на кој ќе одговара на новинарски прашања.