Луѓе од ковид-19 ни умираат највеќе споредено со сите други држави во светот. Над 60 проценти од хоспитализираните пациенти во земјава починале и тоа е највисока стапка на смртност во светот на луѓе кои се лекувале во такви услови, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг.

Тој додаде дека во високоразвиените земји само 10 отсто од ковид-хоспитализираните пациенти завршуваат со смртен исход. Ова покажува дека здравствениот систем е трул.

– Во моментот бројката на починати е 7.000 луѓе, повеќе од 7.000 луѓе, и таа е поголема од 11 градови во Македонија што само ги објаснува катастрофалните последици во нашата земја – нагласи Мицкоски.

Мицкоски запраша што прават Филипче и Заев како првоповикани.

– Тие одат на митинзи и се кикотат, се смеат. Затоа народот на 31-ви жестоко ќе ги казни – нагласи Мицкоски.