Лидерот на партијата Обединетите за Македонија Љубе Бошковски бара соработка со партиите ГЕРБ и ВМРО-БНД на бугарскиот премиер Борисов и вицепремиер Каракачанов.
Во писмо испратено од Обединети за Македонија до ГЕРБ и ВМРО-БНД лидерот Бошковски предлага средба на партиски делегации на која би се поставиле основи за соработка меѓу десните и сестрински партии.
Основата за соработката според Бошковски чија партија Обединети за Македонија е дел од левичарската коалиција на премиерот Заев, е Договорот за добрососедство.