„Го променија Уставот и името иако Собранието претходно донесе резолуција дека името и Уставот не смеат да се менуваат. Промената на називот на државате е најеклатантен пример за распродажба на националните интереси“, вели кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во интервју за српски „Експрес“ .

„Властите не само што се одрекоа од постоењето на македонското малцинство во соседните држави, туку и на македонскиот народ му го поништија правото на самоопределување, остварено во 1944 година на заседението на АСНОМ, што е основно право, jus cogens, па сега Македонците се изедначени со останатите помали етнички заедници во земјата“.

Тоа за Силјановска е „распродажба на националние интереси“, а промената на називот на државате што таа не го признава е најеклатантен пример за тоа.

Запрашана што мисли за „големата предност“ што ја има противкандидатот Стево Пендаровски зад кого застана 31 партија во коалиција со СДСМ и кој има поддршка од Албанците, Силјановска вели:

„Тоа е представа која владеачките партии сакаат да ја создадат и тоа пред што било да ги прашаат граѓаните Албанци, но и останатит. Идејата е мене да ме претстават исклучиво како претставник на Македонците, а притоа забораваат дека јас веќе добив поддршка од многу партии и граѓански здруженија од српска, турска, ромска и други националности.

За разлика од процедурата која веќе ви ја објаснав, СДСМ си поигра со внатрепартиската демократија така што прво распиша јавен конкурс, а после одлучи својот кандидат да го избере во хотелот „Хилтон“, и тоа во затворен круг на картелот со странска елита.

Вистината е дека Социјалдемократскиот сојуз постигна голем успех кај албанските гласачи на минатите парламентарни избори, но денес незадоволството е очигледно кај сите гласачи, без разлика на етничката припадност. (…)

Како и да е, третиот кандидат е Албанец, колегата Блерим Река, па уште во првиот круг ќе видиме дали Пендаровски навистина ужива во бланко поддршка од Албанците и најважно од сè, дали оваа власт е подготвена и способна да организира фер и демократски избори“ вели Силјановска за српски „Експрес“.