Лиса Баута Шаќири ги обвини Груби и Касами за „евтина популистичка и божем патриотска игра“

Лиса Баута Шаќири, сопруга на пејачот Бени Шаќири и ќерка на некогашниот фудбалски судија Беким Баута, го критикува најавеното субвенционирање вработувања по етнички клуч и барањето двојазичност во приватните компании.

„Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ќе вработуваат Албанци (читај и други малцинства), додека Билал Касами побарал двојазичност во приватните компании зошто дел од Албанците не знаеле македонски!

Значи дечки, да се разбереме!

Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости, а фала богу, здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство!

Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.

Второ, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.

Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам со берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.

Конечно, престанете да нè омаловажувате и да нè прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да изгледаме уште поинфериорни од тоа што им се причинуваме на Македонците.

Faleminderit shumë, пријатно!“, реагира Шаќири.

https://www.facebook.com/lisa.bauta.shaqiri/posts/10158477565698536